Отпремнина од 200 илјади евра
10 декември 2004Претседателот на управниот одбор на Опел, Норберт Кипер во Риселхајм изјави дека се планира намалување на работните места без класични отпуштања или затворање на производните погони.
Најголемиот светски производител на автомобили со планот за штедење очекува намалување на трошоците за половина милијарда евра годишно. Инаку, работењето во Опел и покрај најавеното намалување на работните места, продолжува нормално. “Сметам дека нема да дојде од активности за оспорување на планот за санација“, изјави претседателот на фирмата Клаус Франц и објасни колкава ќе биде отпремнината за вработените што ќе мораат да заминат:
“На прмиер, работник во средни години и средни приходи од околу 3 илјади и 600 евра месечно, ќе добие отпремнина од околу 216 илјади евра. За ова постои огромен интерес меѓу вработените“, изјави Франц денеска.
По постигнатото делумно решение за санацијата, менаџерскиот тим ги продолжува разговорите за другите мерки. Уште пред Божик треба да биде доснесено решение за бројот на вработените што ќе преминат во џоинт венчер фирмата. Засега се планирани 2 илјади вработени, но намерата на менаџерскиот тим е да обезбеди повеќе работни места.