Отворен Тетовскиот театар
23 октомври 2007Реклама
Со претставата „Лудница„ од Илир Бежани и официјално започна со работа новиот Тетовски театар. Новата национална установа синоќа свечено ја отворија македонскиот премиер Никола Груевски и министерот за култура Арификмет Џемаили. Според Груевски, отворањето на театарот е во согласност со стратешките приоритети на владата за градење и промоција на мултиетничко општетство.