Оставка на јапонски министер поради нечувствителност
10 септември 2011Министерската кариера на Јошио Хахиро траеше само една недела. Министерот за економија, трговија и индустрија во новата влада на премиерот Јошихико Нода, испровоцира лутина со своите изјави за регионот околу нуклеарната централа Фукушима, кого го нарече „град на смртта“. Според изјави на очевидци, Хахиро по посетата на Фукушима наводно ја истрил својата јакна од еден од присутните новинари, забележувајќи: „Ќе Ве заразам со радијација“.
Сето тоа предизвика лутина во јавноста, а опозиционите партии побараа од премиерот да го отпушти министерот поради нечувствителност. „Ако мислевте на чувствата на населението во Фукушима, сигурно не би го сториле тоа“, изјави Шигеру Ишиба, висок член на водечката опозициона Либерално-демократска партија.
„Кјодо њус“ јави дека премиерот Нода ја прифатил оставката на Хахиро, која доаѓа на само еден пред одбележувањето на шест месеци од земјотресот и цунамито во Јапонија, кои зад себе оставија 20.000 загинати и предизвикаа нуклеарна катастрофа во Фукушима.
Автор: ЕМФ/афп
Редактор: Б. Георгиевски