Оставка на албанскиот шеф на дипломатијата
25 април 2007Реклама
Албанскиот шеф на дипломатијата Бесник Мустафај, како што јавуваат агенциите, вчера поднесол неотповиклива оставка. На прес-конференција во Тирана Мустафај изјавил дека е уморен што е доволна причина за оставка. За да стапи на сила, оставката на Мустафај треба да ја прифати и премиерот Сали Бериша. Мустафај, како близок соработник на Бериша, на оваа функција се наоѓа од септември 2005 година.