Ослободена киднапираната Германка во Ирак
11 јули 2007Реклама
По речиси пет месеци, ослободен е еден од двајцата киднапирани Германци во Ирак. „61 годишната Ханелоре Краузе од вчера попладне е на слобода“, соопшти германскиот министер за надворешни Франк Валтер Штајнамер. Нејзиниот син се уште е во рацете на киднаперите. Краузе и синот беа грабнати уште во февруари од нивниот стан во Багдад.