Опозицијата предложи кандидати за претседател на ДИК
7 април 2006Правникот и доктор по социолошки и политичко правни истражувања Мирјана Најчевска е меѓу тројцата кандидати за претседател на важната нова Државна изборна комисија.Резервите во опозициската ДПА околу нејзината номинација по синоќешните разговори меѓу лидерот на ВМРО ДПМНЕ Груевски и Тачи од ДПА се отстранети утринава по телефонскиот разговор меѓу Груевски и лидерот на ДПА Џафери.
Но,и по денешната средба меѓу Груевски и премиерот Бучковски не е соопштено кое име од опозицијата власта ќе го поддржи за претседател на ДИК,и колкави се шансите на претседателот на Хелсиншкиот комитет,Мирјана Најчевска.
-Дали сме се договориле пред три дена,денеска или утре,не ја менува ситуацијата,во секој случај нашиот предлог го кажавме,се работи за личност со силен интегритет,со висок степен на познавање и експертиза во оваа област,така што веруваме дека ќе биде прифатливо за другата страна,рече Груевски.
-Ако овој предлог не биде прифатен,ќе ги продолжиме консултациите,но како што се договоривме,не смееме да споменуваме ниту една од личностите додека ја немаме завршено процедурата на усогласување.
-Јас ви реков дека по ова следи мојата консултација во рамките на СДСМ,потоа има седница на владата,ќе ја искористам таа можност,имам и телефонска консултација со господинот Ахмети,со членовите на владата од ДУИ за што е можно побрзо да го информирам претседателот на ВМРО ДПМНЕ,господин Груевски дали го имаме предлогот за претседател на ДИК,изјави премиерот.
За премиерот Бучковски предлогот за иден претседател на ДИК е прифатлив и тој има позитивно мислење.До в сабота ќе се знае и составот на останатите шестмина членови на ДИК со професионален ангажман.Изборот преку конкурс со двотретинска согласност од Парламентот треба да заврши наредната недела.