1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Опаѓа бројот на хоспитализирани деца поради Ковид-19

ДТЗ
8 февруари 2022

На Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле, во моментов се лекуваат 24 деца. Двегодишно дете е на кислородна поддршка.

https://p.dw.com/p/46dOt
Symbolbilder Kinder mit Mundschutzmasken
Фотографија: picture-alliance/abaca/A. Marechal

Новиот сој Омикрон ги напаѓа најмладите, но повеќето од нив поминуваат со поблаги симптоми, се лекуваат дома и за нив е потребна хоспитализација. Ако на крајот на минатата година, дури 60 проценти од хоспитализираните деца имале потреба од кислородна поддршка, сега ситуацијата е драстично сменета.

„Од вкупно 24 деца коишто се лекуваат на Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле, во моментов само едно двегодишно дете е на кислородна поддршка“, вели директорот Бесник Заќири за ДВ. 

Од хоспитализираните, 12 деца се на возраст до три години, а останатите се на возраст од 9 до 16 години. Најмалото беше коешто се лекувало на Институтот за белодробни заболувања имало само еден месец. 

Тој очекува во наредниот период да опаѓа бројот на хоспитализирани деца поради Ковид-19. „Во споредба со ситуацијата пред Нова Година, сега имаме смирување на ситуацијата. Опаднат е и бројот на прегледи во амбулантите, каде доаѓаат и деца со симптоми на сезонски грип и настинки“, вели Беќири. 

Според лекарите, повеќето заразени имаат благи симптоми и полесна клиничка слика. Ако минатата година голем број деца се лекуваа поради тешки пневмонии како последица на коронавирусот, сега повеќето имаат поблаги симптоми како  температура и кашлица и најчесто се лекуваат во домашни услови. Во случај на дехидрираност, поради висока температура, и кога е потребен лекарски надзор, децата се задржуваат на лекување во болница.