Олмерт се надева на нов почеток
22 јуни 2007Реклама
Израелскиот премиер Ехуд Олмерт се надева на нов почеток во блискоисточниот мировен процес по закажаниот кризен самит за в понеделник во Египет.Цел на средбата е поддршката на умерените сили кај Палестинците.Главна тема на самитот ќе биде ситуацијата по судирот меѓу ривалските палестински организации Фатах и Хамас.Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас на покана од египетскиот претседател Хосни Мубарак ќе се сретнат повторно за првпат од април.Поканет е и јорданскиот крал Абдула втори.