Олимписка треска во Кина
18 август 2004Толку често колку од Атина, кинеската публика никогаш не ја слушала својата национална химна на ТВ. Шест од вкупно 21 канал на централната кинеска телевизија живо јавуваат од главниот град на Грција, каналот пет нуди чисто олимписка програма и 24 часа не емитува ништо друго туку само кинески спортски успеси. Важи само едно:“Јин паи“ - златен медал.
“Нашиот прв златен медал“!
Тоа беше јавено уште во саботата, а истиот ден уште трипати имаше повод за радост. Кој ќе освои само сребро или бронза, тој за кинеската телевизија практично е губитник:
“Ву Меи-јин, фаворит за злато во кревање товар во класата 56 килограми, не успеа во третиот обид. Загуби и за жал мораше да се задоволи со среброто“.
Централната кинеска телевизија ги пренесува сите решавачки настани живо, конечно и затоа што вежба за олимпијадата во 2008 во Пекинг. Гледачите сепак се хендикепирани зашто нема приватни канали. Дали во супер-маркетите или во градските автобуси – насекаде истата програма. Но, никој не се буни се додека врне “златниот дожд“.