1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од Минхен до Минхен

Кристијан Трипе/превод: С. Недевски9 февруари 2015

Минхен за време на викендот можеше да стане синоним за историска пресвртница. Но одново, и повторно со негативна конотација, „Минхен“ е симбол за политичка трагедија, смета Кристијан Ф. Трипе.

https://p.dw.com/p/1EYA5
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Hase

Дали Русија следи некаква долгорочна тратегија или рускиот претседател дејствува согласно развојот на ситуацијата и спонтано, за да се приближи до остварување на својата цел- оживување на Русија како велесила? Тоа прашање веќе една година го поставуваат политичарите и аналитичарите кои се занимаваат со надворешна политика, откако Владимир Путин со анексијата на Крим и хибридното водење војна во Донбас ги „тресе“ темелите на европскиот поредок. Рускиот Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров е често виден гостин на Минхенската конференција за безбедност. Во круговите на моќ во Кремљ тој е единствен кој ги негува контактите со Западот. Така во изминатите години направи да бидат поедноставни одделни политички несогласувања. Но неговиот настап во Минхен овојпат предизвика вчудовидување, одмавнување со глава и смеење. Лавров делумно звучеше како некаков рецитатор, тој усвои одделни делови од онаа дрска пропаганда која оди во погрешна насока и чиј заклучок е погрешен: Западот е виновен за се’ бидејќи Западот, по распаѓањето на Советскиот Сојуз, систематски ја понижувал Русија.

Минхенската сцена

Логична последица на овој пристап е: се’ што прави Русија сега, служи како „амортизација“ на тие понижувања кои ги трпела повеќе од две децении- и затоа тоа е легитимно. Лавров го демаскираше лутата изјава за тоа дека Западот, по паѓањето на Берлинскиот ѕид, се однесувал како да победил во Студената војна. И што тогаш? Самозалажувањето во политиката досега веќе често знаеше да се претвори во самопреценување и авантуризам.

Шефот на Лавров уште во 2007. година Минхенската конференција за безбедност ја искористи како сцена за говор кој всушност беше обвинување. Владимир Путин пред 8 години ги нападна САД и НАТО- како што тогаш им изгледаше на многумина, без потреба. Ретроактивно станува јасно дека критиката на Путин за „монополарен свет“ беше повеќе од само реторичко објавување војна на Западот. Путин имено тогаш програмски го најави она што ќе ја одбележи руската надворешна политика во годините кои следеја- во Грузија, Молдавија, на Крим, на истокот на Украина. Збунувачкиот настап на Лавров годинава е некој вид заклучен акцент.

Christian F. Trippe
Кристијан Ф. Трипе, автор на коментаротФотографија: DW/Frommann

Нова конфронтација Исток-Запад

Кога историчарите во иднина ќе се прашуваат кога и под кои околности започна новата Студена војна, тие ќе можат да го вперат прстот кон главниот град на Баварија. Минхен е симбол на нова конфронтација меѓу Исток и Запад, која меѓутоа изгледа само како деформиран дух. Овојпат никој на Запад не го сака овој конфликт, бидејќи нему му недостасуваат идеолошки контури и конкуренција. Русија не може да понуди никаков друг поредок и општествен модел. Обидот на вредностите на Запад да му се спротистави православно-рускиот свет во најдобар случај изгледа амбициозно. Но тој свет не делува привлечно.

Со отфрлање на рационални аргументи и понуди, и користење на чистокрвна политика на моќ и насилство, руското политичко раководство работи против интересите на земјата. Тука повторно во преден план излегува познатиот „Минхенски синдром“, Минхен од 1938. година: западните сили тогаш веруваа оти ќе можат да го „смират“ Хитлер ако му ја дадат Судетската област , а притоа воопшто да не ја прашаат тогашна Чехословачка што мисли за тоа. Овој „Минхен“ во денешна Украина е застрашувачка слика за она што може да се случи кога некоја земја ќе стане играчка во рацете на големите сили.

Но и покрај тоа украинскиот претседател Петро Порошенко ќе биде присутен кога во среда (11.2.) во Минск ќе се одржи средба на „четворката“, на која би требало да се преговара за можно примирје на истокот на Украина. Без разлика што таму ќе се случи, тоа нема да ја запре новата конфронтација Исток-Запад. Имено веќе се преголеми линиите на поделба кои ги повлече Русија во Минхен.