1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одлуката на ЕТА, процесот во Авганистан

23 март 2006

Германските весници ја коментираат одлуката на баскиската сепаратистичка организација ЕТА за прекин на огнот, кој според најавите треба да започне точно на полноќ. Значаен простор весниците одвојуваат и за процесот во Авганистан против човекот кој ја смени муслиманската вера

https://p.dw.com/p/Ae95

Весникот „Генерал Анцајгер„ одлуката на ЕТА ја коментира како добра вест, но предупредува на внимателност. Во коментарот во весникот читаме:

„ Тоа нема да биде прв тактички прекин на огнот, кој ЕТА би можела да го искористи за опоравување и собирање нови сили, со цел зајакната да се врати на вооружената борба. Целите на ЕТА и натаму се исти. Независност на Баскија од Шпанија и Франција, која владата во Мадрид не ја сака и нема да се согласи. Дури кога ЕТА ќе прифати дека отстапувањето од максималистичките барања може да води кон политичко решение на судирот, тогаш мирот ќе има шанса„ пишува „Генерал Анцајгер„

„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг„ исто така го критикува соопштението на ЕТА, но наведува:

„ Ветениот прекин на огнот за сите шпанци е повод за олеснување. Истовремено тоа е досега најголем триумф за Запатеро, бидејќи се исполни неговиот услов за почеток на преговорите. За време на преговорите би можело да бидат поставени многу замки кои би го довеле под прашање националното единство на Шпанија„ коментира „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг„

Случајот со Абдул Раман, човекот кој во Авганистан е соочен со смртна казна заради преминување во христијанство и натаму е една од насловните во германските весници. Германскиот министер Франк Валтер Штајнмаер веќе предупреди дека предвреме не треба да се заканува со санкции за Авганистан и го повика Кабул да ги заштити човековите права:

Весникот „Нирнбергер Нахрихтен„ предупредува од претерани реакции заради овој процес:

„ Се разбира дека не би смеело да се случи во една земја чиј устав ги штити религиозните малцинства, еден Христијанин да биде убиен заради својата вера. Меѓутоа, во истиот тој устав кој меѓународната заедница го славеше, стои дека Муслиманите не смет да ја менуваат верата. Контрадикторност, која сеуште остава простор за пресуда од милосрдие. Таа би требало да се искористи со употреба на тивка дипломатија„ забележува „Нирнбергер Нахрихтен„

Коментаторот во „Еслингер Цајтунг„ пишува:

„ Колку долго Авганистан ќе гази врз човековите права е работа која ги интересира земјите кои сакаат да ја штитат демократијата. Претседателот Хамид Карзаи мора добро да размисли дали ќе го стави својот потпис доколку дојде до смртна пресуда. Такво нешто на земјата ќе и наштети многу. Германија во тој случај ќе мора да одлучи дали своите војници ќе ги испраќа во регион кој во никој случај не сака демократија„ закључува во коментарот весникот „Еслингер Цајтунг„