Носталгично „Враќање во иднината“
Носталгичен поглед кон иднината со која растевме на денот кога „Враќање во иднината“ слави 30 години.
Иднината продава
Авантурите при патувањата низ времето на студентот Марти Мекфлај и неговиот пријател д-р Емет се раскажуваат во трилогијата „Враќање во иднината“ на режисерот Роберт Земекис. Првиот филм на платното се појави во 1985 година и беше најуспешен од трите, со заработка од над 380 милиони долари на кино благајните.
Врсник со родителите
Со неговата временска машина, Делориан кој работи на плутониум, Марти Мекфлај случајно се враќа во 1950-те години. Таму, се среќава со своите млади родители и мора да стори се за тие да бидат заедно за да го осигура сопственото постоење. Потешко одошто звучи- бидејќи неговата мајка се вљубува во сопствениот син.
Може ли менувањето на минатото да ја промени сегашноста?
Марти Мекфлај пристигнува во годината 1954, откако неговите родители се запознаваат и вљубуваат. Доколку тоа не се случи, тогаш Марти и неговите браќа и сестри нема да бидат родени во иднината. Во една сцена, Марти гледа како исчезнува неговата рака- знак дека неговото постоење е под прашање.
Инстантен успех
Младиот Марти Мекфлај и д-р Емет Браун ја освоија публиката, а филмот стана инстантен успех. Следуваа две продолженија. На разочарување на фановите, Роберт Земекис одби да сними и четврто продолжение.
Нов свет на уреди
Во вториот дел од трилогијата, Марти и д-р Емет патуваат во иднината. Шокирани се кога откриваат летечки автомобили, телевизори со рамен екран, патики кои самите се врзуваат, и лебдечки „скејтборди“. Дури и денес тинејџерите сонуваат скејтборд без тркала кој лебди над земјата.
Никогаш не се откажувај од сонот
Наводно, сценариот на Боб Гејл преку 40 пати било одбивано од студиото Јуниверзал пред конечно да биде прифатено. Стивен Спилберг прифати да го продуцира. Оваа сцена е од третото продолжение во која Марти и Док патуваат уште подлабоко во минатото: во Дивиот Запад.
Живееме во иднината
Првиот филм „Враќање во иднината“ се појави пред 30 години. Марти и Док патуваат низ времето- и пристигнуваат на 21 октомври 2015. Низ целиот свет фановите го прославуваат овој ден со специјални забави и филмски маратони.
Филмот кој беше инспирација за многу млади во 1980-те и 1990-те години од минатиот век денеска слави роденден. Токму 21 октомври 2015 година беше датумот на кој Марти Мекфлај (Мајкл Џеј Фокс) и Д-р Емет (Кристофер Лојд) пристигнаа во иднината. Освен што беше инспирација за многумина, филмот на Роберт Земекис кој го продуцираше Стивен Спилберг понуди и многу практични проекти за иднината.