Нов самоубиствен напад во Кабул
2 октомври 2007Реклама
Во самоубиствен напад во авганистанскиот главен град Кабул, според наводи на полицијата, се убиени најмалку 12-мина полицајци, а повредени се 15. Атентаторот се кренал во воздух во еден автобус во кој голем број полицајци се возеле кон центарот на Кабул. Експлозијата се случила наутро, кога луѓето одат кон работните места. Ова е втор самоубиствен напад во Кабул за четири дена. Во саботата еден атентатор во смрт однесе 28 војници и двајца цивили. Одговорноста за нападот ја презедоа радикално-исламистичките Талибанци.