Нов пад на токиската берза
17 август 2007Реклама
Под впечаток на кризата со хипотеките во Соединетите Американски Држави, берзата во Токио и денеска го продолжи надолниот тренд, губејќи повеќе од пет проценти. Распродажбата на акции не можеа да ја спречат ниту финансиските инјекции на централната банка. И на берзата во Њујорк вчера се одвиваше драматичен тек на курсот на акциите. Најнапред тешки загуби, за пред затворањето да се случи изненадувачко подобрување.