Нов земјотрес го потресе Нов Зеланд
21 јули 2012Реклама
Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска (21.07) источниот брег на Нов Зеланд, соопшти Американскиот геофизички интситут.
Епицентарот на потресот бил на длабочина од 20 километри под океанското дно, источно од новозеландскиот Северен Остров. Засега нема информации за евентуални жртви и предизвикани материјални штети.
Нов Зеланд се наоѓа во зоната на сеизмички активни подрачја во јужниот дел на Тихиот Океан. Најмалку 185 лица загинаа во февруари минатата година, кога силен земјотрес го погоди градот Крајстчрч. Големи делови од центарот на градот тогаш беа уништени.