1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов американски план за решавање на статусот на Косово

18 мај 2005

Денеска американската администрација треба да го претстави нејзиниот нов план за решавањето на идниот статус во Косово. Синоќа портпаролот на Стејт Департментот , Ричард Баучер потврди дека САД подготвуваат нова стратегија за Косово . Тој но и други претставници на официјален Вашингтон истакнуваат дека САД нема да заговараат ниту една можна опција за идниот статус на Косово.

https://p.dw.com/p/AcqK
Дали годинава ќе биде донесено конечно решение за статусот
Дали годинава ќе биде донесено конечно решение за статусотФотографија: AP

Државниот потсекретар во Стејт Департментот, Николас Барнс денеска пред надворешно-политичкиот одбсор на Конгресот ќе го претстави новиот американски план за Косово. На претресот во Одборор кој е насловен како „Косово сегашен и иден статус“ , ќе присуствуваат и претставниици на властите на Косово , потоа на организациите на американските Албанци и на католичката Црква на Косово , како и на српските власти и Српската Православната Црква .

Пред надворешно политичкиот одбор на Конгресот ќе говори и директорот на Иницијативата за Балканот во вашинтонскиот Институт за мир , Даниел Сервер , како и членот на меѓународната Комисија за Балканот , Алекс Рондос.

Инаку синоќа Портпаролот на Стејт Департментот Ричард Баучер синоќа потврди дека САД планираат нова стратегија за решавање на статусот на Косово.

Таа стратегија ќе биде во согласност со целите за унапредување на регионалната стабилност и заштитата на чивековите права на сите граѓани на Косово.

„Мислиме оти сега влегуваме во нова фаза на во нашата политика кон Балканот , политика која ќе ја забрза интеграцијата на регионот во евроатлантските структури“-изјави Баучер

Тој истотака потенцираше дека ова лето Обединетите Нациии ќе го разгледаат остварениот напредок на Косово во достигнувањето на стандардите во областа на демократијата и изградбата на мултиетничко општество.

„Доколку оценката биде позитивна , меѓународната заедница ќе покрене дипломатски процес за утврдување на идниот статус на Косово“ –рече Баучер, додавајќи :

„Во тек е жива расправа за тоа како да бидат остварени стандардите и статусот , кои се двете клучни компоненти на косовското прашање. Мислам дека кај многумина созрева чуството оти е потребно овие две работи подобро да се дефинираат.“

Запрашан дали Вашинготн со оваа нова иницијатива се обидува да помогне во придвижувањето на процесот за остварување на независност на Косово , Баучер укажа дека американската администрација покренува процес во кој може да биде разрешен идниот статус на Косово , но и оти во овој момент не изразува какво било мислење во поглед на неговиот исход. Тоа го потврдуваат и други претставници на Бушовата администрација .

Според пишувањето на американскиот печат , новиот план е составен преку интензивни консултации на САД со ОН и ЕУ .