1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови планети - нов простор за живеење?

Фабијан Шмит/Ж.А.4 мај 2016

Научниците направија многу ветувачко откритие: три далечни, но потенцијално можни за живеење планети.

https://p.dw.com/p/1IhQ8
Фотографија: picture-alliance/dpa

Белгиски и американски научници открија три планети, кои се сметаат за потенцијално можни за живеење. Тоа од еднастрана значи да кружат околу сонцето на дистанца која овозможува течна состојба на водата, значи не е ни претопло, ни престудено. Од другастрана, треба да имаат слична големина и маса како Земјата, што е поврзано со гравитацијата која владее на површината. Овие три планети ги исполнуваат условите. Тие кружат околу една ѕвезда-џуџе, чија големина изнесува отприлика осмина од нашето Сонце, но е поладна.

Откритието е направено во универзитетот во Лиеж, Белгија, со помош на мал телескоп со инфрацрвена светлина, одделението инаку е дел од Европската јужна опсерваторија со седиште во Ла Сила, Чиле.

Wissenschaft Entdeckung
Вака би можело да изгледа на една од новооткриените планетиФотографија: ESO/M. Kornmesser/AP

Астрономите во Лиеж гледаат надеж еден ден да биде можно откривањето на вонземски живот. Трите новооткриени планети се наоѓаат релативно блиску до нашиот сончев систем, на околу 39 светлосни години. Но,тоа е сепак предалеку за патување на вселенски брод со атронаути дотаму. Патувањето на конвенционална вселенска сонда до соседен сончев систем би траело најмалку 30.000 години. Но, трите новооткриени планети се доволно блиску до Земјата за да можат да бидат истражувани со веќе постоечката техника. Научниците се уверени дека постоењето или непостоењето живот на трите планети е можно да биде докажано уште во следните децении.