Нови детали за дубиозите во Сименс
13 август 2007Реклама
Корупциската афера во германскиот електронски гигант Сименс добива поголеми димензии. Според пишувањата на весникот Зидојче Цајтунг внатрешната истрага во комапнијата открила докази за проневера на повеќе од една милијарда евра. Досега се зборуваше за финансиски дубиози во износ од околу 400 милиони евра.