Новите избори - доближување или оддалечување од ЕУ и НАТО?
14 април 2008Дали јунското изјаснување ќе и донесе доближивање или оддалечување на Македонија од ЕУ и НАТО различно размислуваат социјалдемократот Валтер Колбо и либералот Рајнер Штинер.
Јакнење на позициите
„Ова е пред се суверена одлука на мнозинството на Парламентот што треба да се почитува.Интересно е што социјал-демократите не гласаа и беа на мислење дека со дотогашниот парламентарен реформски курс треба да се продолжи.Сега има можност во една изборна борба да се зајакнат позициите за членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Мислам дека ова е став на сите демократски сили и дека изборната трка ќе се искористи да се зајакнат позициите на Македонија во однос на Алијансата“ - смета добриот познавач на Балканот, социјалдемократот Валтер Колбо.
Непотребно пролонгирање
Спротивно е мислењето на Либералот Рајнер Штинер:
„Со големо интересирање следам дека е донесена одлука за самораспупштање на парламентот. Мислам дека ова ќе донесе натамошно неспокојство и сигурно целокупниот процес на доближување ќе го одложи. Според мене лично, ова не беше потребно.Но, јас не сум таму и не можам на Македонија да и делам совети. Можам само оттука да следам што се случува и сметам дека сигурно ќе одземe време изборот и формирањето на новата влада, со што доближувањето кон Европа ќе биде забавено“.
Пример за активна демократија
За значењето на новите избори и стабилбноста на Баланот, Колбо смета дека изборната борба за регинот е оптички и суштински пример за заживеана демократија. Тој ја изрази надежта дека изборна трка ќе биде фер и дека резултатите ќе бидат во корист на стабилноста со што ќе се забрзаат можностите Македонија да стане член на НАТО и ЕУ и посебно ќе бидат придонес во подготвеноста на Македонија за компромис во спорот со Грција околу името .
Знак на несигурност
Според Штинер, за регионот ова е знак на несигурност. Последните избори во Македонија беа во 2006-тата.
Но, незaвисно од актуелните случувања во земјата, во многу држави кои доживуваат промени, се случува да се оди на нови избори веднаш штом ќе искрснат проблеми. Парламентот има мандат за повеќе години и на Рајнер Штинер не му е јасно зошто истиот одговорно не се искористи?