1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама во улога на комедијант

ЖА/дв/дпа/ртре4 мај 2014

Рејтингот на американскиот претседател„тоне“, но тој очигледно не го загубил чувството за хумор. На традиционалната гала-вечера во Белата куќа со новинарите, тој во шегите не се поштеди ни себе си, ни политичките ривали

https://p.dw.com/p/1Btah
Фотографија: picture-alliance/dpa

На традиционалната вечера синоќа (03.05) во Вашингтон со новинарите кои известуваат од Белата куќа, американскиот претседател Барак Обама се покажа од својата духовита страна. За него ништо не остана свето.

„Ваквите вечери обично ги започнувам со забелешки на своја сметка. Но, за што би зборувал по мојата сјајна 2013 година? Не, минатата навистина беше напорна година. Во еден момент стана толку лошо што оние 47 проценти кои гласаа за мене во 2012. година, радо би му се извиниле на мојот републикански противкандидат Мит Ромни“, се пошегува Обама. Падот на популарноста станал толку очигледен, што го забележала и неговата ќерка Саша. На манифестацијата во нејзиното училиште „Ден на кариерата“, таа го поканила - Бил Клинтон.

Но, Обама ги нотираше и светлите моменти. Така, на последниот Бостонски маратон првпат по 30 години победи еден Американец, а тоа е навистина фер, бидејќи Американците од пред шест години имаат еден Кениец за претседател. Обама со оваа шега алудираше на непрестанатите напади од десниот центар на неговото потекло - неговиот татко е Кениец. На исклучително конзервативната ТВ Фокс Њус од оваа причина тој сигурно ќе и‘ недостига, кога на почетокот на 2017 година ќе ја напушти функцијата, изјави американскиот претседател, со поглед кон евентуална претседателска кандидатура на Хилари Клинтон во 2016 година, на која патем и‘ предвидува добри шанси.

„На Фокс Њус ќе и‘ биде тешко да ги убеди луѓето дека Хилари Клинтон е родена во Кенија“, се пошегува Обама.

Претседателот е постојан почесен гостин на годишните свечени банкети на новинарите. Асоцијацијата на новинарите кои известуваат од Белата куќа годинава слави 100-годишнина од своето постоење. Критичарите тврдатдека оваа манифестација во текот на годините серазви во еденвид холивудски спектакл со црвен тепих и познати имиња. Оваа година во Вашингтон меѓу другите беа и Роберт Де Ниро, Софија Вергара, Џесика Симпсон, Патрик Стјуарт. Но, неспорна ѕвезда сепак беше Барак Обама, кој на почетокот изгледаше уморно, но потоа го докажа своето чувство за хумор.