Новинарите незадоволни од судиите
11 јуни 2012Претседателот на ЗНМ Насер Селмани изјави дека новинарите бараат судиите да ја следат праксата од Европскиот суд од Стразбур. Според ЗНМ, големиот број тужби за клевета против новинари, високите надоместоци за нематеријална штета и долгите и неефикасни постапки се резултат на лошата судска пракса во Македонија.
„Бараме законот да важи за сите, затоа што селективна правда е најголема неправда. Не може новинари да се спроведуваат со полиција во судница, а останатите да се третираат како заштитени мечки. Судиите што нема да го слушнат нашиот глас, во иднина ќе ги соочиме со нивната одговорност пред судскиот совет и пред македонската јавност. Време е одговорноста да се индивидуализира и не може за лошата судска пракса на мала група судии да се прокоцка довербата на целото судство“, изјави Селмани.
Во однос на разговорите за декриминализација, Селмани рече дека доколку власта сака тие да продолжат, треба да ги повикаат претставниците на ЗНМ.