Нова рунда преговори за името
6 август 2008Реклама
На почетокот на септември Метју Нимиц се очекува да допатува и во Скопје и Атина, на средби со лидерите на Грција и Македонија.
Од македонска страна на преговорите во Њујорк не се очекуваат значителни поместувања напред, со оглед на тврдата позиција на Грција којашто ја потврди и шефицата на грчката дипломатија.
Евентуалниот нов предлог треба да дојде за време на посетата на Нимиц на регионот, по што откако двете страни ќе го разгледаат, би започнале детални преговори со учество и на шефовите на дипломатиите, Бакојани и Милошоски.