НЛО-аларм во Калифорнија
23 декември 2017Шпекулациите дека на небото над Лос Анџелес е виден неидентификуван летечки објект (НЛО) се покажаа како неточни - на разочарување на многу НЛО-ентузијасти.
Светлечкиот објект не е транспортно средство на вонземјани, туку ракета од типот Фалкон 9 на фирмата на Илон Макс - SpaceX.
Ракетата беше лансирана од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија и можеше да се види и од соседната американска сојузна држава Аризона. Основачот на SpaceX, Илон Маск, со хумор го прифати шпекулирањето за неидентификуван летечки објект и постираше видео од ракетата на Твитер:
Ова е 18-ти старт на ракета на SpaceX годинава. Фалкон 9 во вселената однесе десет сателити за комуникација. SpaceX сака да понуди поволна алтернатива на државните вселенски програми и по налог на НАСА веќе ја снабдуваше меѓународната вселенска станица ИСС со неопходни материјали.