1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ни оддалеку „расцутени пејсажи“

М. Озцеркес / Е.М.Фиданоска8 ноември 2014

Ветувањата на политиката по падот на Ѕидот беа „цветни“ и за Истокот предвидуваа „розов“ развој. Наместо тоа, цените на недвижностите паднаа, а нема ниту солидна индустрија.

https://p.dw.com/p/1DgAY
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Блоковиве многу ја нагрдуваат околината“, коментира група туристи од западна Германија, кои специјално го одбрале патувањето во провинцијата во источна Германија за 25 години по падот на Ѕидот да го запознаат „Истокот“. На речиси секоја железничка станица има препречен терминал, едниот полош од другиот. Порано овие згради по делтата на Одра на границата со Полска беа елегантни згради со хали, кафетерии, канцеларии за кондуктерите и големи станови на железничарите. „Сакавме да видиме каде отишол нашиот солидарен придонес“, објаснува еден од туристите. „Парите сигурно не завршиле овде“, додава неговата придружничка.

Во изминатите две децении во поранешната ГДР се влеаја околу две илјади милијарди евра, проценуваат експертите. Многу пари отидоа за социјално осигурување. Се градеа улици, беа финансирани престижни објекти. Берлин, Лајпциг, Дрезден, Бранденбург, можеби и Јена и Ерфурт, профитираа и во изминатите две децении се претворија во развиени градови. Притоа, се чини, источногерманската провинција беше заборавена.

Иселување на Запад

Проблем на Истокот е што младите се иселуваат на Запад или во големите градови и густо населени региони, онаму каде што има работа. Од 1990-та досега, околу два милиона луѓе ги напуштија источните покраини. Институтот на германската економија проценува дека до 2030 година некои региони ќе загубат до една четвртина од населението. Заедно со луѓето исчезнува и потрошувачката моќ.

Bildergalerie deutsche Autobahnen
Во изминатите две децении во источните покраини се влеаја околу две илјади милијарди евраФотографија: picture-alliance/ ZB

Источна Германија многу повеќе ја чувствува слабоста на порастот во светот отколку западот на Германија, вели Аксел Линднер од Институтот за економски истражувања во Хале. Тоа пред се‘ се должи на тоа што во Источна Германија се етаблираше индустрија која произведува продукти што се испраќаат некаде во светот за на друго место да бидат вградени во производството. Со оглед на тоа што во многу извозни земји ваквото производство е во криза, тоа е проблем за источниот регион.

Нема индустрија

„Главен проблем по обединувањето беше што се уништи индустриската база“, нагласува економистот Линднер. Индустриските гранки не беа конкурентни. На почетокот на 1990-тите, освен тоа, е направена клучна грешка - платите пораснаа премногу, оценува Линднер. Тоа беше причина што во источногерманската провинција не се „вгнезди“ конкурентна индустрија. Во меѓувреме, конкурентноста е значително подобрена, но од тоа речиси нема полза затоа што нема доволно индустрија.

Okönomie in den neuen Bundesländern
Фотографија: picture-alliance/ ZB

Споредено во европски рамки, источна Германија како целина, меѓутоа, стои добро. Степенот на индустријализација е повисок отколку во Франција или Англија“, вели Линднер. Освен тоа, и во западна Германија во меѓувреме има региони кои не бележат пораст.

„Тоа е проблем на германската провинција, а не проблем на Истокот. Западна Германија е одбележана од огромни разлики. Мора да се навикнеме дека во Германија има региони, како во Рурската област, во кои порастот е слаб и невработеноста е повисока отколку во остатокот од републиката.“

Пад на цените на недвижностите

Пазарот на недвижности покажува спореден ефект од ваквите разлики. Додека во многу густо населени центри цената на недвижностите за квадратен метар е многу зголемена, во источногерманската провинција има друга екстремност. На есенските аукции на браншата, плацеви и објекти од овие региони се продаваат за по 100 евра за квадратен метар.

Schönebeck Salzlandkreis Ostdeutschland Haus Verfall Armut in Deutschland
Фотографија: picture-alliance/dpa

За продавачите овие цени не се толку драматични, нагласува Ралф Кархаузен, кој е сопственик на аукциска куќа. „Многумина одамна ги имаат отпишано недвижностите и тие пропаѓаат со текот на времето. Некои се плашат од инвестиции кои се итно неопходни за недвижностите да станат повторно употребливи.“ Многу објекти се‘ уште се според стандарди на поранешната ГДР, дел од нив дури се со опрема од царското време, додава Кархаузен.

Кон ваквите продавачи годинава се вбројува и Германската железница. Концернот за малку пари се разделува од цели железнички станици. Железницата има потреба од само малку простор и од перон. Тоа потоа го изнајмува од новите сопственици на објектите, по цена која е претходно утврдена. Предноста за железницата е што веќе не мора да се грижи за скапата санација. Тоа е задача на новиот сопственик.