1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Николас Барнс на Косово, денеска министерски состанок на НАТО за покраината

9 јуни 2005

Соединетите Американски Држави нема да наметнуваат решенија околу конечниот статус на Косово, изјави државниот американски секретар за политички прашања Николас Барнс, кој вчера во Приштина разговараше со косовските политичари и претставниците на српската заедница во покраината.

https://p.dw.com/p/Acp0
Косово
Косово

Американскиот државен потсекретар го повтори веќе познатиот став за Косово – дека прво мора да бидат исполнети стандардите, а потоа да почне процесот ѕа решавање на статусот на покраината. Николас Барнс, како и повеќето меѓународни претставници е оптимист и смета дека разговорите околу конечмниот статус би почнале до крајот на годината. На косовските политичари и претставниците на Србите, со кои вчера разговараше, сепак им нагласи дека меѓународната заедница не може да наметнува решенија и оти за конечниот статус ќе одлучат луѓето кои живеат на Косово.

,, Сите лидери зборуваа за иднината на Косово и јас им објаснив дека владата на САД верува дека 2005-та година ќе биде година за промена на Косово. Претставниците на сите заедници се согласија дека нема враќање на ситуацијата од 1999 година и оти мора да се оди напред,, посочи Барнс и додаде дека за мир во покраината, мора да се прават компромиси:

,, Албанското мноѕинство мора да се согласи со тоа дека Србите имаат право да живеат на Косово и дека луѓето кои се исселија имаат право да се вратат во покраината,, посочи високиот американски претставник.

Барнс, кој својот престој во Косово го заврши со посета на две српски куќи во Обилиќ, а потоа замина за Белград, нагласи и дека никој не ја доведува во прашање улогата на Белград како рамноправен актер во раѕговорите околу конечниот косовски статус.

Ситуацијата на Косово денеска ќе биде главна тема на министерскиот состанок на НАТО во Брисел, на кој што, според најавите, министрите за одбрана ќе ја потврдат одлуката во покраината да се задржат меѓународните воени сили.

Високи функционери од седиштето на НАТО сооштија дека меѓународното воено присуство е потребно поради претстојната оценка на стандардите и можноста да дојде до несабилност во покраината. ,, Алијансата мора да биде внимателна поради тоа што станува збор за специфичен период, важен за судбината на покраината“ образложија тие довавајќи дека не смеат да се повторат случувањата на Косово од март минатата година.