„Не“ за неконтролираниот пазарен капитализам
19 април 2009Неконтролираниот пазарен капитализам од последната деценија не смее да ја преживее оваа глобална финансиска криза, единствени беа 34-цата учесници, иако со различни визии за иднината.
Канадскиот премиер Стивен Харпер предупреди изборот да не се ограничува само меѓу нерегулираниот капитализам и државниот социјализам. Американскиот претседател Барак Обама на сиромашните земји од Америка им вети помош во инвестиции во образованието и здравството преку микрокредити.
Моралес: стоп за капитализмот без душа
Боливискиот претседател Ево Моралес ги пофали најавите на Обама, но побара радикални промени:
„Меѓународната финансиска криза не ја предизвикаа земјите во развој, туку тоа го направи капитализмот. Тоа е структурален проблем, а не конјуктурен и нема толку лесно да се реши. Затоа мораме да го коригираме неолибералниот модел. Да му ставиме крај на таквиот капитализам, кој стреми само кон пазар и добивки, без да води сметка за животот на луѓето. Концентрирањето на богатството во мал број луѓе, при истовремено постоење беда, не е никакво решение. Мојата школа беа бедата и сиромаштијата, како и дискриминацијата и расизмот кон индијанските народи“, изјави Моралес, кој е Индијанец.
Загрижувачки прогнози
Светската банка проценува дека економскиот раст во регионот на Америка ќе се намали за 0,6 проценти. Тоа ќе има големи последици за карипските и средноамериканските држави, како намалување на туризмот. Со тоа ќе се зголеми сиромаштијата и насилството, како и трговијата со дрога.
Американскиот претседател Барак Обама понуди конкретна помош:
„Премногу луѓе во земјите на Америка денес живеат во страв. Илегалното оружје не смее да стигне во рацете на криминалците, а дрогата не смее да го уништи човечкиот живот и стопанството. На Карибикот ќе му ставиме на располагање 30 милиони долари за безбедносни мерки. Освен тоа, агресивно ќе настапуваме против користењето дрога и шверцот со оружје и пари на нашите јужни граници“,најави Обама.
Внимание и овојпат предизвика претседателот на Венецуела, Хуго Чавез. Тој ја прекрои познатата изрека на екс-кубанскиот претседател Фидел Кастро: „Социјализам или смрт“, во:„ Промена или смрт“, и притоа од Барак Обама измами насмевка, завршувајќи со барањето-следниот самит на американските држави да се одржи во Хавана. Пријателското приближување кон Вашингтон Чавез ко конкретизира, ќе испрати повторно амбасадор во САД.
Автор: Михаил Кастрициус/ ЖА
Редактор: Жана Ацеска