Не е предоцна Македонија да победи на изборите
27 јуни 2006Четирите влијателни дипломати во Скопје настапија ултимативно и решителено: Или Стоп на насилството со фер гласање, или Стоп за македонските евро – атлански интереси, трет пат нема. Во рок од три дена тие испраќаат ваква безалтернатива порака, еден по друг. Претходно, амбасдорот на САД во Македонија Џилијан Миловановиќ оствари и телефонски контакт со македонскиот премиер Владо Бучковски. За да уверат во својата решителност, амбасадорите на САД, ЕУ, ОБСЕ и Велика Британија беа и во селото Рашче каде се случи последниот крвав судир меѓу симпатизерите на опозициската ДПА и владеачката ДУИ, и каде извира и водата која се користи во Скопје. Но при голема жештина, селанецот во Рашче седнат со скрстени нозе сепак изгледаше изнендаен од високата посета и црните лимузини што одвај се пробиваат по сокаците на Рашче.
Инцидентите сигнализираат неуспех
„Инцидентите и провокациите поврзани со кампањата сигнализираат неуспех на лидерствата на партиите кои учестуваат во овој вид на камапања.“ вели амбасадорот на САД Џилијан Миловановиќ и дополнува „Владата на САД ги подржува полициските власти, а партиските лидери да ги охрабрат симпатизиерите во истрагите за инцидентите“ изјави Миловановиќ
Американскиот амбасадор и смета отие е време да се стави крај на насилствата и на гласачите да им се овозможат услови за достоинствен избор. Одговорајќи на новинарско прашање Миловановиќ и смета дека сеуште има шанси за фер избори.
ЕУ и дава поддршка на полицијата
Европскиот амбасадор Ерван Фуере, за денеска попладне најави средба со македонскиот министер за внатрешни работи Љубомир Михајловски. Амбасадорите инсистираат на брзи судски постапки и дистанцирање на лидерите од заштита на оние кои се вмешани во инцидентите во предизборието. „Европската унија и дава целосна поддршка на полицијата. Мора да се пронајдат и казнат учесниците и иницијаторите на насилставата.“ рече Фуере
Интензивно набљудување на ОБСЕ
ОБСЕ ќе ги интензивира набљудувањата на кампањата и за време на митинзите. Во конечниот извештај ќе се анализираат и причините за инцидентите и изборните насилства вели Карлос Паиш „Имаме доверба во мулти – етничката полиција формирана во овој период. Таа треба да биде столб на заштитата на регуларноста и фер избори во мултиетничките средини.“
Предупредување на МОСТ
Покрај амбасадорите реагираше и претседателот на невладината организација МОСТ, Дарко Алексов „МОСТ повторно предупредува дека случувањата во изборните кампањи до овој степен и со ваков интензитет имплицираат дека учесницити и институциите немаат капацитет да спроведат фер и демократски избори. Учесниците во изборниот процес исто така треба да разберат дека тие и само тие ќе ја понесат одговорноста за престојните парламнетарни избори.“
Невладината организаиицја МОСТ го зголемува бројот на својот мониториг тим, на над 3.500. Во Македонија повеќе од 6.000 домашни и странски набљудувачи ќе ги следат изборите на 5 јули. Македонските власти но и опозицијата веќе не се спокојни ниту пак вината за науспешната кампања се префрла исклучиво во албанскиот политички табор.