Многу Муслимани ширум Европа сметаат дека неоправдано се жртви на предрасуди поради злосторствата на една терористичката организација. Тие не сакаат нивната, како што нагласуваат, мирољубива религија да биде озлогласена поради теророт на самопрогласената Исламска држава на Блискиот Исток. Некои млади Британци веќе преземаат и конкретни мерки и тоа на омилениот терен на Исламската држава.