Нејасна е судбината на киднапираните Германци
22 јули 2007Реклама
Од Авганистан и натаму доаѓаат проривречни информации во случајот со грабнатите Германци. Во меѓувреме е демантирано дека било пронајдено телото на еден од двајцата германски заложници, за кого нема сомневање дека веќе не е жив. Нема никакви информации за судбината на другиот заложник. Сојузната влада ќе стори се’ што е можно за да се спаси неговиот живот, рече министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер.