Несогласувањата се надминати
6 јуни 2007Во партискиот штаб на ВМРО ДПМНЕ средба на партијата на Никола Груевски со делегација на ДПА.
Премиерот Никола Груевски изјави дека сите несогласувања во коалицијата се надминати, а потпретседателот на ДПА, Мендух Тачи за договорот на премиерот со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кажа: “Се согласивме дека ова беше само записник што констатира што е разговарано на средбите меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Албанците во Македонија имаат многу повеќе потреби од тоа што е констатирано во него и ние како владеачка партија ќе се грижиме за нивна реализација. “
Зоран Ставревски од раководството на ВМРО ДПМНЕ ја искритикува опозицијата дека нема чувство за државност штом бара интерпелација во вака важен период за Македонија: “Ние сме многу блиску до добивање покана за членство во НАТО и датум за почеток на преговори со ЕУ, но за жал СДСМ не покажа чувство за државност, разбирање за големината на историските моменти и ги стави теснопартиските и себични интереси над интеграцијата во ЕУ и НАТО. “
По средбата со ДПА, се очекува и средба со третиот коалиционен партнер, НСДП на Тито Петковски.