Нема термин за почеток на преговори во 2007-ма
1 ноември 2006Европската Комисија во извештаите за напредокот на земјите аспиранти за членство што треба да ги објави наредната недела нема да препорача за ниту една од земјите од Западниот балкан преземање нови чекори во процесот на натамошно приближување кон европската Унија- изјавија извори на ЕУ за новинската агенција Ројтерс
За разлика од минатата година кога Македонија , Србија , Босна и Херцеговина и Албанија се искачија едно скалило погоре кон членството во ЕУ , оваа година извештаите нема да содржат такви препораки.
Тоа е одраз како на перформансите на секоја од земјите аспиранти така и на се позачестените повици во рамките на Унијата за пауза во проширувањето поприемот на Бугарија и на Романија наредниот јануари .
„ по приемот на Романија и на Бугарија, Де факто ќе имаме пауза од пет до шест години во проширувањето , пред Хрватска да биде подготвфена да се приклучи кон Унијата“ – изјави висок претставник на ЕУ за агенцијата Ројтерс .
Европската Комисија во извештајот за Македонија нема да препорача започнување на преговори за членство на земјата во ЕУ во наредната година , поради загриженоста околу политизацијата на јавните служби и недостатокот на дијалог со парламентарната опозиција – изјави истиот европски претставник .
„македонците не си направија себеси многу услуги по изборите во јули“ - додал неименуваниот дипломат во Брисел
нема никаков дипломатски скандал ниту некакви политички заклучоци поради неодамнешниот инцидент во кој беа повредени четворица руски дипломати во Скопје . Ова денеска во селото Белчишта го изјави амбасадорот на руската дфедерација во Македонија , Александар Солоциски.