1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема обесштетување за семејствата на загинатите во Кундус

ЕМФ/ард11 декември 2013

Судот во Бон денеска (11.12) ја отфрли тужбата на две семејства на жртвите во воздушниот напад на НАТО врз две цистерни во авганистанскиот суд Кундус, што се случи во 2009 година.

https://p.dw.com/p/1AXSi
Фотографија: picture-alliance/dpa

Четири години по воздушниот напад во Кундус, судиите во Бон одлучија дека војниците на германската армија кои учествувале во воената акција „не извршиле прекршување на задолженијата“. Против ваквата пресуда тужителите сега имаат право на жалба пред повисока судска инстанца. Судот во Бон расправаше по тужбата на таткото на две деца кои, како што се тврди, загинале во бомбардирањето, како и една вдовица и мајка на шест деца. Таткото бара обесштетување од 40.000 евра, додека жената од Германија бара обесштетување од 50.000 евра. Во судот пристигнуваат и други збирни тужби од вкупно 77 роднини на жртвите.

Flash-Galerie Bundeswehr-Einsätze 2010
При нападот во Кундус загинаа повеќе од 100 лица, меѓу кои и голем број цивилиФотографија: AP

Во септември 2009 година, во близина на германската база во Кундус, од страна на талибанците беа киднапирани две цистерни, по што по наредба на Бундесверот, американски воени авиони ги бомбардираа цистерните. При нападот загинаа повеќе од 100 лица, меѓу кои и голем број цивили.

Тужителите во цивилна судска постапка ја обвинија Германија за прекршување на хуманитарнто меѓународно право. Судот меѓутоа утврди дека одделните тужители не можат да добијат обесштетување врз основа на меѓународното право. Тоа е можно само меѓу две држави. Освен тоа, според судот, не може да се докаже дека Георг Клајн, кој тогаш бил командант во Кундус, е одговорен и дека ги прекршил своите задолженија. Пред воздушниот напад, имено воен информант во седум телефонски разговори дал уверување дека кај цистерните нема цивили.