1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Независно Косово-нов вооружен судир!?

2 декември 2005

Германскиот весник „Велт„ во последниот број го пренесува ставот на претседателката на координативниот центар за Косово Санда Рашковиќ Ивиќ која во евентуалната независност на покраината гледа почеток на нов вооружен судир.

https://p.dw.com/p/Acbp
Приштина
Приштина

Во веста под наслов „Рашковиќ Ивиќ се заканува со судир„ весникот „Велт„ ги пренесува зборовите на Ивиќ според која Белград на косовските албанци им нуди суштинска автономија. Престедателката на координативниот центар смета дека преставувањето на Косово во меѓународни рамки, вклучително и во ОН мора да остане во надлежност на Белград. Брисел мора да го одврати Вашингтон од брзо решение за поокраината, ги пренесува Велт зборовите на Ивиќ која смета дека само на тој начин може да се спречи регионот да стане чистилиште за Европа.

Во изјава за Дојче Веле таа нагласува дека во преговорите за идниот статус на покраината се тргнува од резолуцијата на владата во Белград. Постои отвореност за разговори но како што вели Ивиќ многу нешта ќе зависат од решавањето на техничките работи. Доколку тие се решаваат постои подготвеност за компромиси до одредена точка. Таа засега не сака да навлегува во детали:

„, Јас сега не можам да ви кажам која е таа точка бидејќи тоа се работи кои се однесуваат на стратегијата на преговорите, но секако подготвени сме на преговори и тоа го очекувам од албанската страна и се надевам дека ќе се најдеме на некоја линија

Што се однесува до планот на претседателот Борис Тадиќ таа вели дека тој е апсолутно иста линија со резолуцијата на владата на . Работата е во суштина иста само термините биле различни

Верувајте ми документот кој го читав, а кој го изнесе господинот Тадиќ е само различен во зборовите на термините, од план на владата за децентрализација. Тадиќ зборува за два ентитета за можеби да ги поедноставни работите и да го избегне терминот автономија во автономија кој не им се допадна на албанците и меѓународната заедница„