1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

080911 Schmerzbehandlung

12 септември 2011

Секој осми човек страда од хронични болки. На ваквите луѓе може да им помогне невростимулација. Тоа е техника, која со проток на електрична енергија ја блокира болката да отиде во мозокот.

https://p.dw.com/p/12WDy
„Пејсмејкер против болки“Фотографија: DW/F. Schmidt

Пред десет години Уте имаше проблеми со ’рскавиците во ’рбетниот столб. Оттогаш за 40 годишната жена, која дотогаш беше ведра и активна, започна долга приказна на страдање. На почетокот била успешно оперирана, но две години подоцна проблемите се повториле. По втората операција се појавило воспалување што предизвикало големи оштетувања што не можеле да заздрават. „Ситуацијата беше безизлезна. Не можев воопшто да се движам и да правам нешто во животот, морав да земам дури морфиум за смирување на болките. Тоа го правев од очај, а не дека тоа беше никаква можност да водам нормален живот“, раскажува Уте.

Таа не е осамен случај, како неа се чувствуваат и голем број пациенти кои страдаат од хронични болки. Тие редовно добиваат опијати, кои оставаат тешки негативни последици и предизвикуваат зависност: „Овие лекови ме направија депресивна. Целосно се повлеков и немав контакт со пријателите. Осум години живеев комплетно изолирна со мојот сопруг во станот. Тој се прилагоди на мојата ситуација.“

Од пред речиси една година на Уте не и’ е потребен веќе морфиум

Schmerzmedizin Dr. med Thorsten Riethmann
Д-р Торстен Ритман, неврохирургФотографија: DW/F. Schmidt

Еден модерен невростимулатор или наречен уште „пејсмејкер против болки“ ги замени лековите. Станува збор за осум многу мали метални плочки наредени една по друга. Тоа се електроди во облик на тенко стапче, кои се сместени долж одделни пршлени во близина на нервните. Тие пренесуваат електрична енергија. Од р’бетниот столб се протега кабел долж грбот до колковите. Таму се наоѓа батеријата со апаратче за командување, кое е сместено под кожата. Апаратчето е големо колку две гуми за бришење.

Торстен Ритман, неврохирург на универзитетската клиника Келн го имплантираше ова апаратче кај Уте: „Невростимулацијата всушност треба да го измами мозокот. Електродите што се на р’бетнниот столб треба да ги спречат нервните влакна, до едно одредено ниво, да го пренесат импулсот на болка до мозокот. Наместо болки пациентот тогаш чувствува пријатно скокоткање“, објаснува неврохирургот Ритман.

Оваа невростимулација може да се примени и кај други заболувања или, пак, кај луѓе со тешки повреди и трајни и силни болки. Таков е случајот со т. н. ангина пекторис, слаба цикулација на крв во срцето. Невростимулацијата многу помага во заздравувањето на ова заболување, вели доктор Ритман: „Кога ќе престанат болките пациентот станува поактивен. Со зголемената активност се подобрува и циркулацијата на крв во крвните садови.“

Имплантирањето на пејсмејкерот против болки е релативно брзо и без проблеми

17.06.2009 DW-TV Fit und Gesund Bandscheibe 03
Проблеми со ’рсткавиците во ’рбетниот столб

На грбот се прави мал рез и во т.н. епидурален простор се вметнува стапчето со електроди. По неколку денови пациентот може да си оди дома. За Уте овој оперативен зафат беше „ситница“ за разлика од тоа што се’ претходно преживеала. Нејзиниот живот по оваа операција многу се промени и покрај тоа што таа мора да живее со повредена ’рскавица меѓу пршлените. „Ова за мене сега е решението за болките. Не сум излечена, не сум здрава, се’ уште ја имам истата болест, како и претходно. Но, ова сега е замена за моите лекови.“

Уте сега може да оди сама, а може и сама да ги контолира болките: „Вчера имав повторно многу болни напади. Тогаш со часови не можам да се движам. Порано врискав од болки, денес само го вклучувам апаратчето на највисок степен. Болки имам, но не ги чувствувам. И тоа за мене е чудо“, вели одушевено Уте.

Таа има далечински управувач со кој може да го контролира интензитетот на електричните импулси. Управувачот е поврзан со една антена што изгледа како мало кутивче за крема. Кутијата се наоѓа на колковите на Уте, всушност онаму каде е имплантиран пејсмејкерот против болки. „На секои два дена ги полнам батериите во моето тело. Напојувањето се одвива преку антената. Така, додека батериите се полнат јас можам да завршам некоја работа по дома или пак, да работам на компјутер.“ Процесот на полнење на батериите се одвива преку електромагнетска индукција, значи безжично, бидејќи батериите се во телото на човекот.

Нервната стимулација за многумина значи ако не целосен, тогаш барем делумен спас!


 

Автор: Фабијан Шмит/ Светлана Брик

Редактор: Александра Трајковска