Невработеноста во еврозоната не се намалува
30 септември 2011Европската служба за статистика, Евростат, денеска (30.09) во Луксембург соопшти дека процентот на невработени во август годинава останал како и во претходните три месеци - десет. Во еврозоната без работа биле 15,74 милиони луѓе. На ниво на ЕУ невработеноста изнесува 9,5 проценти.
Од поединечните земји, Австрија со 3,7 проценти невработени, Холандија со 4,4 и Луксембург со 4,9 проценти се земјите кои имаат најниска стапка на невработеност. Германија со 6 проценти е на четврто место. Најголема невработеност има во Шпанија - 21,2 проценти и во Грција - 16,7 проценти.
Минатата година во август, во еврозоната имаше 215.000 повеќе невработени лица во споредба со годинава, додека на ниво на целата ЕУ бројот на невработени беше повисок за 300.000.
Автор: ЕМФ/дапд/дпа
Редактор: Б. Георгиевски