Невработеноста во Германија и натаму опаѓа
30 октомври 2007Реклама
Бројот на невработени во Германија, веројатно е намален под границата од 3,5 милиони, што е првпат по цели 12 години. Според проценките на експертите, во октомври биле регистрирани околу 100 илјади невработени помалку во споредба со претходниот месец. Официјалниот број на невработени треба да биде објавен од страна на Сојузниот уред за труд, во текот на денот.