1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најкрвав напад годинава

ЕМФ/дпа/апф4 јули 2016

Во најкрвавиот напад годинава, во Багдад загинаа повеќе од 200 луѓе. САД и Европа изразуваат сочувство и утеха и најавуваат солидарност во антитерористичката борба.

https://p.dw.com/p/1JIW5
Фотографија: Reuters/Khalid al Mousily

Во нападот, за кој одговорност презеде терористичката милиција „Исламска држава“ (ИД), загинаа најмалку 213 лица, соопштија денеска ирачките власти. Двајца атентатори самоубијци во текот на ноќта меѓу саботата и неделата се разнесоа во воздух со автомобил полн со експлозив среде шопинг-зона во Багдад.

Американското министерство за надворешни работи оцени дека станува збор за „масовно убиство“ на невини луѓе, кое е доказ за презирот кон луѓето кој го има ИД. САД и натаму ќе прават сѐ за „светот да се обедини во борбата против злото“, за да бидат фатени терористите кои се кријат во Сирија и Ирак и да бидат уништени нивните глобални мрежи, изјави портпаролот на американското Министерство за надворешни работи Џон Кирби. „Нашето партнерство со Ирак и неговиот народ, кој е на линијата на фронтот на оваа глобална борба, останува цврсто“, рече Кирби.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини им изрази сочувство на семејствата на загинатите и потсети дека ирачките безбедносни сили неодамна го повратија во свои раце градот Фалуџа, што е „важен чекор“ во борбата против сунитските екстремисти. Во оваа борба Ирак ја има ЕУ на своја страна, рече Могерини.

Irak Bagdad Anschlag in Karrada
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/K. Mohammed

Нападот во Багдад се случи непосредно по нападот на радикалните исламисти во Бангладеш, каде загинаа 22 лица. Ирачката влада прогласи тридневна жалост.