Најкрвав етнички судир во Кенија досега
22 август 2012Според наводи на полицијата, во селскиот регион Тана Ривер, борби водат етничките заедници на Покомо и Орма, кои се ривали долго време. Луѓето Орма се занимаваат претежно со сточарство, додека Покомо се земјоделци. Борбите се водат поради пасиштата и ливадите околу реката Тана.
„Ова е страшен настан“, изјави заменикот шеф на полицијата во регионот, Џозеф Китур. Меѓу жртвите има 31 жена, единаесет деца и шестмина мажи. Биле запалени повеќе колиби. Според Китур, првите резултати од истрагата покажуваат дека Покомо нападнале населба на Орма. Пратеникот од тој округ Денсон Мунгатана, изјави дека станува збор за одмазднички акт по убиствата, кражба на стока и пожари во последно време.
Ова е најкрвавиот судир во Кенија во последните четири години, откако по парламентарните избори оваа источноафриканска земја почнаа да ја потресуваат тешки безредија.