1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО на крстопат

11 февруари 2006

Средбата на НАТО министрите на Сицилија не донесе пробив ниту околу конечната визија на Алијансата како безбедносен, наместо одбрамбен сојуз, ниту пак околу финансирањето на новите задачи. Резултатите од средбата ги коментира Бернд Ригерт.

https://p.dw.com/p/AcVK
Дел од Министрите на средбата во Таормина
Дел од Министрите на средбата во ТаорминаФотографија: AP

На Конференцијата за безбедносг во Минхен на почетокот од овој месец се слушнаа гласови што навестуваа дури повторно раѓање на НАТО. Стануваше збор и за поголема меѓународна улога на Алијансата. Но, на средбата на надлежните министри од земјите членки на Сицијлија се распааднаа барем некои од ваквите соништа. НАТО како глобален сојуз против теророт, како што тоа си го замислуваат американските стратези, нема да има во догледно време. Пред се‘ поради отпорот на Европејците и меѓу нив најмногу на Франција. Освен тоа министрите не најдоа ни јасна определба околу најавите за прием на Израел во Северно-атлантскиот сојуз. Тоа би било заземање страна во Блиско источниот конфликт, што би значело и голем ризик.

По разговорите во идиличната Таормина на Сицилија во секој случај стана јасно дека министрите немаат заедничка визија и јасен концепт за иднината на Алијансата. Додека САД се залагаат за глобални воени ангажмани под знамето на НАТО, поголемиот дел од Европејците повеќе посакува мировни мисии и помош во случај на природни катастрофи. Ваквите разлики би требало да се надминат до самитот во Рига во ноември. Но, повеќето набљудувачи се сомневаат дека до тогаш ќе се најде решение за различните визии, туку дека се‘ ќе заврши на нејасни формулации што ќе им овозможуваат страничен излез на членките.

Тоа и може да оди така уште некое време, доколку не дојде до сериозен случај, каде некакво решение ќе мора да биде најдено. Таква ситуација би можел да биде спорот околу атомската програма на Иран. Доколку ОН донесат одлука за санкции против оваа земја и доколку тие мораат да биде спроведени со сила, тогаш Светската организација би можела уште еднаш да се обрати до НАТО. Тогаш многу брзо ќе се види колкава е сплотеноста во Алијанста. Поверојатбно е дека во таква ситуација НАТО би се нашол повторно на ивица на бездна, како што еднаш веќе се случи по прашањето на Ирачката војна.

А ако и не дојде до таквиот многу сериозен случај, НАТО има веќе доволно проблеми од сосема практична природа. Така подготвките за планираните сили за брзи интервенции од вкупно 25.000 војуници не се одвиваат со предвиденото темпо. До сега се ставени на располагање само 70% од потребните капацитети. Американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд уште еднаш ги критикуваше европските колеги дека издвојуваат премалку буџетски средства за одбрамбени цели. Со оглед на таквата ситуација, не е ни чудо што министрите не најдоа компромисно решение ни за финансирањето на силите за брза интервенција. До сега секоја земја ги носи трошоците на ангажманот на сопствените сили, додека заедничка каса нема. На ваквото здружување на средствата се опира и Германија, бидејќи се плаши од двојно оптоварување. Таа ионака треба да даде една третина од 25-те илјади војници за специјалните сили за брза интервенција на НАТО.