1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„НАТО мора да стане пофлексибилен“

АТ/ ард3 јуни 2014

Дали Европа е сѐ повеќе загрозена од Русија? Да, смета НАТО. Оттука генералниот секретар на Алијасната сака подобра стратегија за Сојузот. За прераспределба на трупи во источните земји-членки сѐ уште ништо не е одлучено.

https://p.dw.com/p/1CBL3
Фотографија: Reuters

Како реакција на конфликтот со Русија, НАТО има намера да ја обнови стратегиската поставеност. „НАТО мораме да го направиме подобра форма, побрз и пофлексибилен“, изјави генералниот секретар на Сојузот, Андерс Фог Расмусен на средбата на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО во Брисел.

НАТО, според неговите зборови, проверува каква е состојбата со актуелизирање на плановите за одбрана и развојот на нови планови за одбрана, како и „соодветни стационирања“. За можно прераспределување на трупи на НАТО во источните земји-членки ќе се расправа во септември.

Источните земји членки бараат прераспределба на трупите

Полска, Литванија, Летонија и Естонија веќе бараа стационирање на борбени трупи на други НАТО-држави на своја територија. Тие на тој начин сакаат да ја одвратат Русија од евентуална слична воена акција како, на пример, при анексијата на полуостровот Крим.

Според дипломатите, САД, Германија, Франција и Велика Британија одбиле стационирање на трупи од НАТО во источните земји-членки. Наместо тоа, НАТО би требало да демонстрира подготвеност за ангажман преку маневри, поголема обука и пократко време за реакција.

NATO Verteidigungsminister 03.06.2014 Brüssel
Средба на министрите за одбрана на земјите членки на НАТОФотографија: Reuters

Расмусен повторно покрена тешки обвинувања против Москва: „Неодговорното и илегално однесување на Русија е сериозен предизвик на единствената, слободна и мирна Европа“. Оттука министрите за одбрана би морале „внимателно да ги проверат краткорочните и долгорочните последици за нашиот сојуз“.

Шефот на НАТО изрази задоволство околу најавите на американскиот претседател Барак Обама за инвестиција во војската од една млијарда долари (735 милиони евра) и времено распоредување на американски трпи во источните членки на НАТО. „Навистина ја поздравувам американската водечка улога при преземањето безбедносни мерки“, рече тој.