1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО и ЕУ безбедносната и одбрабена политика мора да се надополнуваат

30 јануари 2007

Без разлика дали ќе се каже на германски, ЕСВП, на англиски ЦЕДСП или на француски ПЕСД – од овие кратенки тешко дека може многу да се разбере. Па дури и ако се каже целото име – европска безбедносна и одбрамбена политика. За разика од кратенката НАТО која сите ја знаат, ЕСВП е непозната во јавноста. А оваа политика е успешен модел, рече германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер зборув

https://p.dw.com/p/AdlQ
Штајнмаер со нови предлози
Штајнмаер со нови предлозиФотографија: dpa

�јќи на отворањето на дводневниот конрес во Берлин посветен на европската безбедносна и одбрамбена политика. Петер Штицле известува.

Уште на почетокот на германското претседателствување со ЕУ, министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер сака да да го врати во живот проектот кој беше започнат уште во 1999 година исто така за време на тогашното претседателствување на Германија со Унијата. Планот тогаш беше дочекан со голема доза на скепса: пред се Американците и Британците реагираа дека е тоа проект спротивен на НАТО, останатите трезвено стравуваа дека ќе се случи изградба на скапи двојни структури. Сега пред 150 политичари и експерти од сите земји на ЕУ, Франк Валтер Штајнмаер можеше да се повика на во меѓувреме шеснаесетте меѓународни операции преземени во рамките на европската безбедносна политика.

“Мислам дека докажавме оти можеме да помогнеме во надминување на кризи, во обезбедување на мирот и спречување на конфликти”.

Без разлика на тоа што ЕУ не е воен сојуз, нејзините војници се често прифатени од страните во конфликтот – како за време на обезбедување на изборите во Конго, во мировниот процес во индонезиската покраина Ачех или како контрола на израелско – палестинскиот премин Рафа, појасни германскиот министер.

Алудирајќи на новите планови на САД во Авганистан и Ирак повеќе да се сконцентрираат врз обновата на земјите, Штајнмаер зборуваше дека ЕУ треба да се насочи кон превенција на кризи. За него во кризните региони е најважно цивилната и воената компонета да бидат тесно поврзани и добро координирани.

И генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер исто како и Штајнмаер се заложи за развој на безбедната политика на ЕУ:

“... кога човек ќе погледне колку станаа сложени и комплексни предвизвиците на нашата безбедност денес, тогаш е вчудовидувачки колку останал тесен фронтот на соработка меѓу НАТО и Унијата”.

Според Шефер тоа лежи во фактот што размислувањата на засегнатите се се уште како во деведесетите години. Тогаш се одело кон јасно одделување на безбедносно-политичките активности на НАТО и ЕУ. Денес е обратно.

“Се работи на тоа, двете институции меѓусебно да се поврзат, да се здружар и поефикасно да се употребат различните инструменти на двете институции. Зошто? Бидејќи е се појасно дека воената и невоената димензија на безбедноста мора да одат под рака.”

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана се надоврза: ЕУ и НАТО се два носечки столба на меѓународната безбедносна политка, кои со оглед на постоечките глобални конфликти мора да се надополнуваат.