1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО испраќа засилување за КФОР

3 август 2011

По најновите инциденти на границата меѓу Косово и Србија, НАТО најави дека ќе испрати засилување за силите на КФОР. Претседателката на Косово Јахјага изјави дека ЕУЛЕКС треба да ги поддржи мерките на косовската влада.

https://p.dw.com/p/129rT
Фотографија: dapd

Според изјавата на дипломати на Алијансата во Брисел, ќе биде испратен дополнителен батаљон со 550 германски и 150 австриски војници. ЕУ-дипломатот Роберт Купер во меѓувреме ги повика Србија и Косово да се вратат на преговарачка маса. Премиерот Хашим Тачи меѓутоа нагласи дека нема да преговара со Србија за статусот на северниот дел на Косово, каде живее мнозинско српско население.

Критиките упатени кон ЕУЛЕКС се исправни, затоа што ЕУЛЕКС треба да спроведува ред и закон и да се бори против организираниот криминал и шверцот, што во минатото не беше случај, изјави косовскиот претседател Атифете Јахјага во интервју за Радио Слободна Европа. Таа додаде дека одлуката на косовската Влада за реципроцитет во размената на стоки меѓу Косово и Србија е исправна акција за доброто на сите граѓани на двете држави. Јахјага смета дека е во интерес на граѓаните на двете земји Белград да „одигра конструктивна улога, да ја прифати реалноста и да воспостави нормални односи со државата Косово“.

Автор: ГЧ/СН/дв/миа

Редактор: Жана Ацеска