1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО испраќа авиони, бродови и војници во источните членки

ЕМФ/ард/макфакс16 април 2014

На барање на Литванија, Летонија, Естонија, Полска и Романија, НАТО донесе одлука да испрати бродови, авиони и војска во земјите членки од Источна Европа.

https://p.dw.com/p/1Bjgi
Фотографија: Reuters

Присуството на војска од другите земји членки на НАТО би требало да ја зајакне безбедносната гаранција на Алијансата за земјите од Источна Европа кои се дел од Алијансата. Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен (на насловната фотографија) денеска (16.04) во Брисел изјави: „Доколку е неопходно, во наредните недели и месеци ќе следуваат и други мерки.“ Бродовите би требало да бидат распоредени во „Балтичкото море, источниот Медитеран и ако неопходно и на други места“, додаде Расмусен.

Ostukraine Krise US Zerstörer Donald Cook 14.04.2014 Konstanza
Фотографија: Reuters

Плановите на НАТО за одбрана се „преработени и зајакнати“, рече генералниот секретар на алијансата. Во изјавата за медиумите тој не прецизираше колкав број војници ќе бидат испратени: „Ќе бидат доволно за да ја подобрат нашата подготвеност“, нагласи Расмусен.

На прашањето дали оваа одлука на НАТО ќе влијае на разговорите кои утре (17.04) треба да ги водат ЕУ, САД, Русија и Украина во Женева, Расмусен одговори дека НАТО ги презел воените чекори за кои верува дека се неопходни, додавајќи дека „политичкото решение е единствениот излез“.