1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО е заинтересиран за соработка со земјите од Централна Азија

19 октомври 2004
https://p.dw.com/p/Ad2x
Шефер со Шредер и Сезер на самитот во Истанбул
Шефер со Шредер и Сезер на самитот во ИстанбулФотографија: AP

Важни партнери на Западот во борбата против меѓународниот тероризам се земјите од Централна Азија. Соодветен заклучок за интензивирање на односите со земјите од овој регион донесоа и шефовите на држави и влади од земјите членки на Северно атлантската Алијанса на самитот во Истанбул. Од денеска генералниот секретар Јап де Хоп Шефер патува на турнеја по пет од централноазиските држави.

Само три дена за пет држави – тоа значи само по неколку часа ќе престојува Јап де Хоп Шефер во Киргизија, Казахстан, Узбекистан, Таџикистан и Туркменистан. На дневниот ред се средби со претседатели на државата, како и со министри за надворешни работи и за одбрана. Планирани се меѓутоа и средби на генералниот секретар на НАТО до студенти и питомци на воените академии. Во центарот на сите овие разговори ќе биде програмата Партнерство за мир, во која сите пет држави се вклучени. Освен тоа клучна тема е заедничката борба против тероризмот:

“Заедно против тероризмот и ширењето на оружјето за масовно уништување – тоа има подеднакво голема важност како за претседателите на централно азиските држави, како и за генералниот секретар на НАТО, од што Алијансата може да профитира“ - истакнува Јап де Хоп Шефер.

Ниту една од петте земји нема шанси за прием во НАТО, ни сега, ниту во подалечна иднина, но Шефер сака да ја испита готовноста на раководствата за соработка, а тоа најдобро оди преку лични контакти.