1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО: Бунтовниците во Либија нижат победи

17 август 2011

Северноатлантската Алијанса ги поздрави успесите на бунтовниците во Либија. Либискиот преоден совет претсави план за соборување на Гадафи.

https://p.dw.com/p/12I5w
Фотографија: dapd

Либиските бунтовници, според НАТО, постигнале важни воени успеси во борбата против трупите на властродржецот Моамер Гадафи. Бунтовниците напреднале како во правец на север кон средоземноморскиот брег, така и кон исток, изјави претставник на Алијансата во Брисел.

Преодниот либиски национален совет во меѓувреме соопшти дека најдоцна осум месеци по соборувањето на Гадафи ќе ја предаде власта, бидејќи тој не е избран и не може да владее во Либија со години. Претседателот на Советот на бунтовниците Мусатафа Абдел Џалил во Бенгази претстави план на кој инсистираше Западот. Според него, Либијците по соборување на Гадафи би избрале национално собрание, кое би назначило комитет за изработка на нов устав, за кого пак народот би се изјаснил на референдум. Целиот процес би бил под надзор на ОН.

Автор: ЖА/АТ/дв

Редактор: Трајче Тосев