Насилни демонстрации во Будимпешта
23 октомври 2007Реклама
Стотици десно радикали се судрија со полицијата за време на протестите во унгарскиот главен град Будимпешта. Според властите, демонстрантите скандирале со антисемитистички пароли и фрлале со молотови коктели. Полицијата морала да употреби солзавец и водени топови при нивното растерување. Во акцијата се повредени повеќе лица. Повод за демонстрациите беше годишнината од унгарското народно востаните од 23 октомври 1956 година.