Напад врз кампот на Бундесверот во Авганистан
30 септември 2004Сеуште не е познато кој го извршил ракетниот напад. Пред нападот, вчеравечер, на неколку стотини метри од кампот се случила и експлозија. Истрагата за инцидентот ја водат Бундесверот и авганистанските безбедносни сили, а безбедносните мерки се зајакнати.
Во Кундус во моментов се стационирани 269 германски војници, кои се дел на еден од двата германски томови за обнова во Авганистан. Вкупно, во Авганистан, Германија има 2 250 војници, од кои 1 550 се стационирани во Кабул, во рамките на мисијата ИСАФ.
Германскиот парламент денеска треба да гласа околу продолжување на мандатот на Бундесверот во Авганистан. Мисијата ја отфрлаат само либералите поради тоа што двата германски тимови за обнова на северот од земјата, според нивно мислење не се доволно пополнети.