Награда за животно дело за Ланцман на Берлиналето
15 февруари 2013Ланцман ја прими наградата во четвртокот вечерта на 63. Берлински филмски фестивал. Директорот на фестивалот Дитер Кослик му ја предаде наградата на 87-годишниот режисер.
„Ова е голема ноќ за вас и за сите нас“, рече Кослик.
Францускиот режисер е познат по документарецот „Шоах“, снимен во 1985 година на тема Холокауст. Деветчасовниот еп содржи интервјуа со преживеани и снимки од неколку нацистички кампови, а премиерата ја имаше токму на Берлиналето. Презентерот Улрих Грегор филмот го нарече остварување за културната меморија.
„Тоа беше како одговор на сите прашања кои одсекогаш сме ги имале“, рече Грегор.
Ланцман рече дека во 12-те години колку што работел на филмот секогаш го водела една мисла: „Знаев дека Шоах ќе биде ослободување за Германците од нивниот долг молк, и дека тие повторно ќе бидат во можност отворено да говорат за својата болка“.
Највисоката награда на фестивалот, Златната мечка, на годинешниот победник ќе му биде доделена в сабота.