Мeндела пуштен од болница во критична состојба
1 септември 2013Потврдата за пуштањето на Мeндела од болница ја даде владата. „Состојбата на Мадиба останува критична и во моментов е нестабилна“, информираат јужноафриканските власти, користејќи го името на кланот на 95-годишниот поранешен претседател на земјата.
„Неговиот тим доктори е убеден дека тој ќе го добие истото ниво на интензивна нега во неговиот дом, како што добиваше во Преторија“, стои вo изјавата.
Вчера претседателот Јакоб Зума ги демантираше извештаите на западните медиуми дека Мeндела ја напуштил болницата и дека се наоѓа во својот дом.
Мендела беше примен во болницата во Преторија на 8 јуни поради, како што информираа властите, инфекција на дишните патишта. Во изминатиот период се објавуваа многу малку детали за неговата здравствена состојба. Информациите за здравјето на Мендела беа контролирани од неговата фамилија и канцеларијата на Зума. Зума минатата недела ги повика Јужноафриканците да се молат за Мендела и постојано да го имаат во своите мисли.