Мудис ги намали прогнозите за бонитетот на германските банки
26 јули 2012Американската рејтинг агенција Мудис ги намали прогнозите за кредитоспособноста на 17 германски банки од „стабилни“ на „негативни“. Погодени се пред се‘ покраинските банки, но и Германската индустриска банка ИКБ и Дојче пост банк, како и државната банка за поддршка КфВ. Агенцијата одлуката ја образложи како консеквенца на одлуките донесени на почетокот од оваа недела.
Поради растечката еврокриза агенцијата уште во понеделникот изврши намалувањето на прогнозите за бонитетот на Германија, Холандија и Луксембург од „стабилни“ на „негативни“. Освен тоа, негативни прогнози добија и шест германски покраини: Баден Виртемберг, Баварија, Берлин, Бранденбург, Севетна Рајна Вестфалија и Саксонија Анхалт, како и европскиот фонд за финансиска стабилност на еврото, ЕФСФ. Но, оценката на кредитоспособноста на покраините и на споменатите држави останува иста. Намалување на оценката за кредитоспособноста може да води кон повисоки камати при земањето кредити.